pSNYNA-FDRAX100~B_main_v500

До сега 4k камерите беа ограничени на високо-професионалниот сектор, а до неодамна имаа цени налик спортски автомобили. Се чини дека Sony ќе бидат први кои ќе ја прекршат потрошувачката бариера во овој сектор вадејќи производ за масовна потрошувачка.

На овогодинешниот CES дознавме за Handycam FDR-AX100 од Sony – 4K камера која ќе чини “само” 2000$. Оваа цена секако значи дека камерата ќе биде само за “сериозните аматери” или оние кои се обидуваат да станат видео-професионалци. Важноста на оваа цена и овој модел за иднината на 4K може да се согледа ако се спореди овој модел со неговиот претходник Sony FDR-AX1. Камера која чинеше 4,499$, а беше речиси дупло потешка и дупло поголема.

AX100B_hand1-1200-1024x632

Камерата има димензии од 196.5 x 83.5 x 81 mm и тежи 790 грама. Од технички аспект камерата има Zeiss Vario-Sonnar T* F2.8-F4.5 широка леќа од 29 милиметри, 12x оптички зум и 2,5цм голем Exmor R CMOS 20-мегапикселен сензор. Овој поголем фото сензор значи дека камерата ќе вади повисоко квалитетни фотографии, а најверојатно и подобро ќе се справува со снимање во потемни ситуации.

Можете да го контролирате кадарот на вашето снимање со 0,39-инчниот електронски визир, или пак со LCD екранот. Toj е 3,5-инчен TouchScreen LCD кој може да се отвори за 90 степени и има агол на ротирање до 270 степени.

Една од поинтересните функции е тоа што камерата може преку 802.11b/g/n Wi-Fi да се поврзе со вашиот Андроид или iOS уред. Тоа значи дека можете да ја контролирате камерата преку вашиот мобилен и за снимање и за плејбек.

Претходна статијаSamsung Galaxy S5 ќе биде претставен на 23 Февруари ?
Следна статијаValve најавија 13 партнери за нивните Steam машини