samsung-ssd-950-pro-m2-x4-2015-09-22-01

SSD дисковите беа вистинско освежување кога се појавија на пазарот. Преку ноќ, компјутерите станаат многу, многу побрзи, само благодарение на овој нов начин на складирање податоци. Сепак, тие досега беа ограничени со SATA поврзувањето, кое не дозволува брзини над 550 MB/s.

Новиот SSD диск на Samsung е наменет за професионалците и се поврзува преку M.2 PCI-Express слот на компјутерот или лаптопот. Резултатот е вртоглава брзина на читање на податоците од 2.5 GB/s и впишување од 1.5 GB/s за дискот со капацитет од 512 GB. Во превод, со ваков диск и моќен процесор, стартувањето на Windows 10 би траело 4-5 секунди!

950pro_sec02-590x315

Покрај тоа, дискот е изработен со нови NVMe чипови, кои имаат многу помала потрошувачка на енергија и подолг век на траење – дискот од 512 GB сега има гаранција на впишување преку 400 TB податоци. Исто така, целиот диск е отпорен на вибрации и удари, што го прави погоден за преносливите робусни лаптопи и таблети.

Samsung 950 Pro SSD дискот е планирано да се вградува во лаптопите и компјутерите од високите класи, односно во професионални уреди, бидејќи и реално, нема потреба од вградувањево некој евтин уред, зошто за да се извади максимум од овој диск, потребно е и другите компоненти да бидат моќни.

Сепак, дискот во моментов има и една слабост, а тоа е дека има драјвери само за машини со Windows 7, 8 и 10, односно се уште нема можност да работи на Linux системите, што се надеваме дека ќе биде средено наскоро.

Цената на новиот SSD ќе биде 200 долари за оној со 256 GB капацитет, односно 350 долари за оној со 512 GB капацитет, што реално не е многу за диск со вакви перформанси.

Извор: Geek, Engadget, Digital Trends

Претходна статијаGmail воведе можност за блокирање на испраќачите, како и Unsubscribe на Android
Следна статијаЕлектричниот автомобил од Apple треба да биде претставен до 2019 ?