0d3b324cf9c27133187489d5b04fae65_large

Rico е мал уред дел од веќе популарната нова категорија на уреди за претворање на вашиот дом во паметен. Покрај тоа што доаѓа со интересен и нестандарден дизајн, Rico вклучува можност за следење на движењата во домот, температурата, нивото на јаглерод моноксид, чад, контрола на штекери, како и влажноста. Се поврзува на вашата мрежа, а вклучува и посебна мобилна апликација преку која што можете да ги следите информациите од уредот.

Меѓутоа ова не е главната карактеристика на Rico, кој што со овие можности не се издвојува нешто посебно од сличните уреди. Rico е направен да функционира со паметните телефони и со тоа да ја зголеми листата на функции кои што ви ги нуди како корисник. Во овој случај мислиме на старите мобилни телефони кои што веќе не ги користите, нешто што според компанијата скоро секој од нас ги има оставено во фиоките. Со приклучувањето на паметен телефон, Rico ги добива и следните функции покрај основните: камера, микрофон, звучници, 3G конекција, Wi-Fi и подобар процесор. Со ова Rico ќе можете да го користите и за следење на случувањата во вашиот дом директно со слика и звук.

05c8dd86757c55703f2a449e4756f212_large

Логиката на луѓето кои што го имаат развиено Rico е дека во денешно време мобилните телефони ги чуваме најмногу 2 години, односно до истекувањето на договорот со операторот од каде што и го имаме земено. Потоа телефонот го менуваме за нов, а стариот поради неговата се’ уште добра состојба, ретко го фрламе или даваме некаде, па го оставаме во нашите фиоки. Со тоа после неколку години добиваме фиока полна со стари мобилни телефони, кои што немаат никаква намена, па интересна е замислата на Rico да истите ги искористиме.

Rico моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter, за што остануваат уште 23 дена до истекот на рокот. Собрани се скоро 30.000 долари од потребните 100.000. Уредот може да се нарача по цена од 100 долари, па нагоре, што зависи од времето на нарачка, како и бројот на штекери кои што би сакале да дојдат со главниот уред.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаHP најави дека се дели на две посебни компании
Следна статијаMicrosoft го следи секој ваш чекор во Windows 10 Technical Preview
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.