Pizza Hut во соработка со Chaotic Moon Studios претстави еден интересен концепт кој што доколку почне официјално да се користи во нивните ресторани, сигурно ќе привлече внимание. Се работи за маса на која што горната површина е направена од екран на допир. Ова е слично со концептот претставен од страна на Microsoft пред некоја година, наречен Surface, кој што не помина од фазата на концепт, па сега тоа име го носат новите таблет компјутери од оваа компанија.
Масата во оваа фаза има можност за поврзување со iPhone, што овозможува препознавање на корисникот и неговите преференции за јадење, како и можност за плаќање преку мобилниот телефон. Меѓутоа главната функција на масата е можноста корисниците целосно да ја креираат својата нарачка. Како што ќе видите на видеото, корисниците ја избираат големината на пицата, како и секоја посебна состојка во неа. Исто така тие може да нарачаат и посебни додатоци, а додека ја чекаат нарачката и да играат игри.
https://www.youtube.com/watch?v=xvT0MCugb58