lg-smart-bulb

Веќе не е нешто чудно или ново кога ќе видиме производ кој што има можност да се поврзе со интернет или со некој од паметните уреди. Со развојот на технологијата ќе гледаме се повеќе уреди како преминуваат во категоријата на паметни.

Пред неколку дена во Кореа, од страна на компанијата LG беше претставен нов паметен уред, односно паметна светилка. Оваа светилка може да се поврзе со вашиот мобилен телефон и да ви овозможи неколку интересни функции.

Со новата 10 W лед светилка ќе можете да го контролирате осветлувањето во вашиот дом со памтениот телефон, но и ќе може да добивате светлечки сигнал кога ќе добиете повик. Други карактеристики со кои се одликува оваа светилка е можноста за сигурност и забава.

Ако одите на некое патување и вашиот дом е празен може да се активира сигурносниот начин на работење на светилката со кој би се овозможило да изгледа дека некој е присутен во домот, иако е празен, а за забава е наменет музичкиот дел, односно ако слушате балади, осветлувањето автоматски се намалува и се прави романтична атмосфера.

lg-smart-bulb2

Оваа LG паметна светилка може да се поврзе со уредите кои имаат оперативни системи Android 4.3 и понови модели и iOS 6 или 4. Може да работи повеќе од 10 години, во просек по 5 часа на ден и нејзината енергетска ефикасност е до 80% поголема од конвенционалните светилки. Цената на една ваква светилка би била околу 32 долари.

Претходна статијаPonoPlayer – нешто поинаков MP3 плеер
Следна статијаТурција го блокира пристапот до YouTube