origin-omega

Производителот на гејмерски компјутери и компоненти, Origin, го лансираше својот нов Omega систем, кој е наменет за играње игри на големиот телевизор во дневната соба директно од каучот, исто како со играчка конзола.

Origin Omega компјутерите се специјално дизајнирани како би одговарале со различни типови на дневни соби, со избор на различни куќишта, по желба на купувачот. Omega ќе доаѓаат со Windows 7 или 8.1, што значи дека покрај гејмерските способности, ќе можат и да ги задоволат сите барања на зависниците од филмови, музика и многу други апликации и веб страни, како на пример Youtube.

Перформансите кои го нуди Origin Omega системот ќе зависат од конфигурацијата која ќе ја избере купувачот, но самата можност за вградување на дури три NVIDIA GeForce GTX 980s графички картички во SLI мод, значи дека ова е една сериозна машина, која ќе може да ги задоволи барањата и на најтврдокорните гејмери.

Исто така, ова ќе овозможи супер мазно играње и на Ultra HD екран, со сите сетинзи за графиката подесени до максимум! Нормално, како и секој гејмерски систем, Omega ќе има можност за Overclock на вградените Core i7 процесори, со специјален софтвер направен токму за тоа.

На купувачот ќе му бидат понудени и многу различни опции за складирање податоци, како супер брзи SSD дискови и HDD дискови со големина до фантастични 14 терабајти! Можете да замислите колку игри може да се инсталираат на толкав простор?

Покрај почетната понуда на Windows оперативните системи, Omega наскоро ќе почне да се нуди и со специјално развиениот гејмерски Steam OS, кој е наменет токму за вакви уреди. За корисниците на Windows, пак, кои не сакаат маус и тастатура во дневната, вграден е и посебен мод на управување на курсорот со Xbox џојстик.

Нормално, покрај игрите, на корисникот ќе му бидат достапни и сите апликации и програми на најразвиениот екосистем во светот, Windows, како на пример Skype, Netflix, па дури и Photoshop и сл.

Цената на Origin Omega во САД стартува од 999 долари, но истата може драматично да порасне зависно од вградените компоненти. Ова може е многу повеќе од Playstation 4 и Xbox One, но уредот има и многу подобри перформанси и повеќе можности, а како ретко кај кој друг уред, Origin нуди и 24 – часовна поддршка на корисникот.

Извор: Windows Central

Претходна статијаПознатата платформа за презентации Prezi претстави Android апликација
Следна статијаLG лансираше 4 нови телефони од средната класа