2611142353

Фотографите кои поседуваат цела плејада на APS-C Nikkor објективи во својот арсенал, конечно имаат причина за радост – после подолго време, јапонскиот гигант повторно лансира професионално тело со „исечен“ сензор.

За оние што не знаат, APS-C е делумно помал сензор од оној кој се користи во високите класи на апарати, подобро познат како Full Frame. Со помалиот сензор се всушност опремени сите поевтини DSLR апарати кои можете да ги најдете во продавниците кај нас, но за разлика од порано, последниве неколку години, барем Nikon, во повисоките класи нудеше само Full Frame опција. Резултатот? Многу фотографи кои сликаа со APS-C, мораа да купуваат нови објективи и нова опрема, кои беа многу поскапи или пак да останат на застарениот D300S.

Со D500, многу од овие фотографи сега ќе можат повторно да ја користат својата стара, скапоцена опрема. Се работи за еден исклучително моќен апарат кој и покрај помалиот сензор од своите Full Frame браќа, може да се покаже како одлично решение за оние фотографи со поплиток буџет, бидејќи е поевтин, а исто така и објективите за него се поевтини. И сето тоа, без поголем удар на квалитетот на фотографијата.

4404989556

Nikon D500 е опремен со целосно нов сензор со 20.9 мегапиксели, кој според Nikon е најдобриот кој го направиле досега и кој има сензитивност на светлина од ISO 100 до ISO 1.640.000 (еден милион и шестотини и четириесет илјади), со помош на која ќе може да се слика во буквално апсолутна темница. А за секогаш да бидете добро информирани за сцената, оптичкиот окулар има 100% покривање, со одлично 1.0x зголемување.

Особено се напредни системот за автофокус, кој фокусира во фантастични 153 точки кои го опфаќаат целиот сензор со исклучителна брзина, како и Expeed 5 процесорот, кој овозможува фотографирање на 10 слики во секунда (до 200 слики пред да се намали брзината) со целосна резолуција во RAW формат (без компресија) и континуиран автофокус кој го следи субјектот што се фотографира. Ова се перформанси кои ги нудат само најдобрите Full Frame апарати и се одлична вест за спортските фотографи – со D500 нема да се пропушти ништо од акцијата.

4423153562

Како и секој професионален DSLR на Nikon и D500 има заштита од прскање со вода и прашина, што значи дека ќе може секаде да го понесете со себе. D500 има и осветлени копчиња, што е одлична вест за оние што фотографираат навечер, а за да биде во чекор со времето, има и 3,2 инчен вртлив дисплеј на допир, кој вклучува неколку дополнителни брзи функции, настрана мноштвото копчиња поставени на телото.

Покрај извонредните фотографски можности, D500 ќе може да снима и 4K видео, што може да се покаже како многу корисно за видеографите кои поседуваат многу Nikkor објективи. За брзо впишување на видеото, како и на фотографирањето на 10 слики во секунда, D500 е опремен и со ултра брзите XQD картички, покрај стандардните SD.

D500_16_80E_back34r-650-80

Секако, бидејќи се работи за апарат од 2015, новиот Nikon има вграден Bluetooth, со кој може константно да ги префрлате фотографиите на мобилен уред или лаптоп, а со цел побрзо споделување на интернет.

Цената на Nikon D500 изнедува 2000 долари само за телото, односно 3070 долари за телото плус одличниот Nikkor 16-80 mm f2.8-4 ED VR објектив со оптичка стабилизација, кој покрива многу корисен „зум“ опсег со брза бленда, корисна за фотографирање и во малку потемни услови.

Извор: Digital Photography Review, TechRadar

Претходна статијаSteelSeries Rival 700 е гејмерски маус со OLED дисплеј и фидбек со вибрации
Следна статијаMaingear лансира нов „се во едно“ гејмерски компјутер со ултра моќни десктоп компоненти