Фото: @evleaks / X

Уште еден саем на технологија не чека секој почеток на годината, а после CES кој се одржува секој јануари во Лас Вегас, следи MWC во Барселона при крајот на февруари. На двата настани обично гледаме интересни производи и концепти од истите, па дефинитивно се работи за нешто што не го пропуштаме да го следиме секоја година.

Еден од тие интересни концепти кои се очекува да бидат презентирани на MWC е проѕирен лаптоп од Lenovo. Проѕирен би бил екранот, секако, а ваквите концепти иако ги гледаме со години, тие никако да станат нормален дел од производите на пазарот.

Лаптопот од Lenovo не е официјално најавен, па информациите доаѓаат од неофицијалните извори. Познатиот Еван Блас објави слика за која тврди дека е од овој нов лаптоп од Lenovo.

Од сликата може да се видат два лаптоп компјутери со проѕирни екрани, како и тастатура која е целосно направена од втор екран на допир. Доста футуристички изглед дефинитивно, а ќе видиме дали од компанијата навистина ќе претстават вакво нешто овој месец.

Лаптопот очекувано се гледа дека работи на Windows 11, но тоа не е ни толку важно за овој концепт.

Со оглед на тоа што проѕирен лаптоп не би бил до толку корисен и привлечен како на пример проѕирен телевизор, се очекува дека ваквите уреди би биле наменети за ситуации како шалтери и слично, каде можноста да се гледа зад екранот е важна.

Очекувам да видиме уште доста вакви интересни концепти на MWC 2024, па само може да се надеваме дека голем дел од нив ќе ги видиме во продавниците.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаDuckDuckGo прелистувачот конечно доби една можност која го прави вреден за замена на Chrome
Следна статијаОпштествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува и во Општина Битола
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.