Microsoft ќе одржи настан на 12. октомври со почеток во 16:00 часот по македонско време. Настанот ќе може да се следи во живо, а од поканата не може да се види нешто кое открива што може да се очекува од настанот.

Од поканата само може да се види позадината од Windows 11 во различни бои, па со оглед на месецот и гласините, се очекува ова да биде Surface настан.

Три Surface уреди се очекуваат, според Windows Central, а тоа се Surface Pro 9, Surface Laptop 5 и Surface Studio 3.

Деветтата генерација од Surface Pro се најавува дека може да дојде и со ARM чип, а не само со Intel, нешто што треба конечно Microsoft да го донесе во директна конкуренција со M1 и M2 уредите од Apple. Се што останува е само конечно Windows да работи добро на ARM и Microsoft да направи соодветен емулатор, наместо да го ограничува бројот на апликации кои може да се користат.

За Surface Laptop нема многу информации, па се очекува да биде само освежување на карактеристиките со кои доаѓа овој лаптоп од Microsoft, додека поголеми се очекувањата од Surface Studio, се-во-едно компјутерот кој е замислен за дизајнерите.

Настанот ќе може да се следи во живо, па веруваме дека одличниот Панос Панај повторно ќе биде „возбуден“ да претстави нешто ново од компанијата.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаMicrosoft ја пушти првата надградба за Windows 11 и најави дека годишните надградби продолжуваат и во иднина
Следна статијаA1 Academy – бесплатна академија за млади за стекнување дигитални вештини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.