wrt-1900ac-front

На CES 2014 настанот Linksys го најави својот најнов рутер WRT1900AC. Она што е интересно кај овој рутер, покрај одличните перформанси е неговиот дизајн. Поточно, овој рутер е направен во стилот на најпродаваниот WRT54G рутер од пред повеќе 10 години, кој го имаше познатиот црно/син дизајн со видливи антени и прилично големи димензии.

WRT1900AC доаѓа со дизајн инспириран од стариот дизајн, односно ја задржува популарната црно/сина боја на дизајнот, како и големината и формата, но со одредени модерни промени и освежувања. Наместо со две или во поновите рутери три, овој рутер доаѓа со четири надворешни антени кои се прилагодливи во насочувањето и имаат можност да бидат извадени. Иако доаѓа со четири антени, во исто време работат само три, односно овозможуваат три просторни стримови кои што се избираат според моментално најдобриот сигнал што може да го овозможат антените, а најслабата антена е исклучена. Според Linksys овој рутер овозможува до сега најдобра покриеност и досег од сите нивни досегашни рутери.

wrt-1900ac-back

Linksys WRT1900AC е dual band рутер, односно работи на фреквенциски опсег од 2,4 и 5GHz, со максимален можен проток од 1,3 Gbps на 5GHz преку 802.11ac протоколот и 900 Mbps на 2,4GHz преку 802.11n протоколот. Доаѓа со 1,2 GHz двојадрен ARM процесор, 256MB DDR3 RAM меморија, како и 128 flash надворешна меморија. Има два USB порти, односно една USB 3.0 компатибилна порта и една eSATA/USB 2.0 компатибилна порта. Преку истите ќе може да се поврзат USB уреди, како што се надворешни дискови или принтери, па истите ќе може да споделуваат содржина преку мрежата. Ова е доста корисно доколку немате мрежен принтер или доколку сакате да користите надворешен диск за споделување на содржина преку мрежата, за што рутерот е компатибилен со сите формати на фајлови, како FAT, NTFS и HFS+.

wrt-phone-smart-wi-fiПокрај безжичните перформанси, рутерот доаѓа и со стандардниот четири портен свич, односно со четири LAN порти и една WAN порта, сите со гигабитен проток (10/100/1000). Доаѓа со WPA/WPA2 енкрипција и SPI Firewall за заштита на мрежата. Исто така овој рутер е компатибилен со Smart Wi-Fi функцијата која овозможува поврзување и менаџирање на мрежата преку интернет со достапните Android и iOS апликација преку достапните алатки и апликации. Преку Smart Wi-Fi можно е мониторирање и контролирање на мрежата од било која локација, преглед на мрежата и уредите во форма на мапа, контрола на интернет пристапот на секој посебен уред, креирање на посебна мрежа за гости, пристап до содржината на поврзаните дискови.

Една од најпопуларните можност на стариот WRT54G беше можноста за инсталирање на посебен (custom) open source firmware преку кој што корисниците добиваа многу повеќе можности за прилагодување на функциите на рутерот. Оваа можност ќе биде достапна и во новиот WRT1900AC модел, а Linksys е веќе во соработка со OpenWRT заедницата, една од неколкуте open source заедници кои изработуваат firmware за рутерите, па во текот на 2014 ќе биде достапен за симнување за сите корисници ќе сакаат да го симнат и инсталираат на местото на фабричкиот софтвер.

Претходна статијаNvidia најави нов Tegra процесор
Следна статијаLumo Lift ќе ве потсетува да седите и стоите исправено
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.