new-car-ui

Вградувањето на екрани на допир во автомобилите, посебно кај поскапите модели, кои што ги заменуваат стандардните копчиња станува се почеста работа. Иако тоа звучи како добра и очекувана работа, посебно во време кога се повеќе работи функционираат преку допирање на нашите прсти, сепак тие екрани во автомобилите не се ништо понапредни од пред 10 години. Истите сеуште ја користат веќе старата resistive технологија за екрани на допир, која што работи преку притискање на екранот по што двата негови слоја се допираат и регистрираат допир. Capacitive технологијата која што денес се користи во сите уреди работи преку нежно допирање, наспроти притискање на екранот со спроводлива површина како што се нашите прсти, со што се регистрира допирот на екранот. Оваа технологија е многу попрецизна и полесна за користење.

Во продолжение можете да погледнете концепт видео за тоа како Matthaeus Krenn, кој работи со дизајнирање на производи, ги замислува екраните во автомобилите преку кои што треба да ја контролираме работата на автомобилот, односно радиото, климата и слично.

Претходна статијаSamsung ќе претстави два S5 модели со различни екрани
Следна статијаОчекуваниот Action Center во Windows Phone 8.1 прикажан на неофицијално видео
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.