https---blueprint-api-production.s3.amazonaws.com-uploads-card-image-101535-Intel_10-core

Денес, поновите 3D игри бараат моќен процесор, но сепак најважна е графичката картичка, која е најчесто проблемот доколку играта кочи и сецка. Сепак, оние кои сакаат да го снимаат играњето и/или да го пуштаат во живо на Twitch и YouTube, знаат дека овие работи имаат потреба од многу моќен процесор. За нив, Intel ја претстави новата  Broadwell-E серија, во која најмоќниот чип има 10 јадра.

Intel Core i7-6950X Extreme Edition е името на овој процесор, за оние кои сакаат да го вградат во својата гејмерска машина. Чипот има работен такт од 3,0 GHz, со Turbo Boost на 3,5 GHz. 10-те јадра имаат можност за извршување 2 работи одеднаш, што значи дека процесорот може да извршува 20 работи симултано!

Ова го прави перфектен за играње, снимање и продуцирање на игрите во живо онлајн, но и за VR игрите, кои бараат исклучително моќен хардвер. Чипот би можел да биде употреблив и кај оние што работат со видео обработка, а како конкуренција на Intel Xeon серијата, која веќе има модели со 10 јадра. Сепак, Intel Xeon чипот е послаб за гејминг, па новиот Core i7-6950X Extreme Edition би бил поуниверзално решение.

Секако, процесорот поддржува “Overclock”, но за тоа корисникот ќе треба да вгради подобро ладење. Процесорот има и Turbo Boost Max 3.0 технологија, која автоматски одредува кое јадро ќе ја изврши дадената задача, дури и ако софтверот во кој работи не го поддржува тоа, односно не поддржува работа со толку многу јадра.

abvd.0 copy

Во споредба со својот претходник Core i7-5960X, новиот модел има 35% подобри перформанси при 3D рендерирање, 25% подобри перформанси при обработка на видео во Adobe Premiere и 20% подобри перформанси при видео транскодирање во Handbrake.

Цената на овој мега моќен процесор изнесува 1.723 долари, а за да направите компјутер со него, ќе би требаат и останати компоненти од уште минимум два пати по толку. Да, високите перформанси кај најновите игри секогаш чинеле многу пари и тоа нема да се смени во скоро време.

Извор: The Verge, Mashable, ARS Technica

Претходна статијаDell претстави огромен 17 инчен „2 во 1“ лаптоп
Следна статијаApple ќе прави редизајн на iPhone на три наместо на секои две години?