II10m

Intel ја збогати својата мобилна понуда со десет нови процесори базирани на Haswell микроархитектурата. Станува збор за пет Core i7 модели, четири Core i5 модели и еден Celeron процесор.

Највпечатлив помеѓу новите процесори е Core i7-4940MX кој содржи 4 јадра со работна фреквенција од 3.1 GHz, што го прави најмоќниот процесор во мобилната понуда на Intel . Овој процесор ќе се продава по цена од 1.096 долари.

За оние кои преферираат ефикасност наспроти перформанси, новата понуда исто така вклучува и три енергетско ефикасни процесори наменети за ултра тенките лаптопи: Core i5-4360U, i5-4310U и Celeron 2980U.

Во приложената табела можете да ја погледнете комплетната листа на нови процесори, како и нивните спецификации и цени.

II10mt

Претходна статијаValve најавија 13 партнери за нивните Steam машини
Следна статијаФитнес справи кои генерираат електрична енергија