Магнетните ленти одамна немаат употреба во широката потрошувачка, но поради нивната издржливост и големиот капацитет, тие сѐ уште на големо се користат за долго зачувување на податоци, особено во дата центрите. Затоа, многу големи компании и натаму работат на развој на ваквите медиуми за зачувување податоци – IBM и Sony Storage Media Solutions направија лента со големина од само 6 квадратни сантиметри, на која имаат собрано фантастични 201 гигабајти податоци.

Ако ова не ви звучи импресивно, дебелината на таа лента е само 103 нанометри, што значи дека од неа можат да се направат многу, многу слоеви со цел да се постигне вртоглаво голем капацитет.

Ова е постигнато благодарение на нов процес на производство на лентата, која тие ја нарекуваат „заплеткана лента“. Според IBM, оваа лента е многу поскапа од досегашните, но се сигурни дека ќе биде многу интересна за крајните корисници бидејќи ќе нуди ултра голем капацитет, а ќе има и добар сооднос на капацитет со пари.

IBM очекуваат производите со ваква лента да бидат особено интересни за големите дата центри и клауд провајдери, на кои им треба врвно решение за зачувување на податоците. Целта на IBM е да постигнат 330 TB во еден кертриџ со магнетна лента кога таа ќе биде достапна на пазарот, што е огромен скок во однос на досегашните решенија.

Извор: Geek, Techworm, Data Center Knowledge

Претходна статијаФотографија од макета од iPhone 7S покажува стаклен заден дел, но повторно познат дизајн
Следна статијаНов алгоритам овозможува менување на длабочината на полето софтверски