glass_cover_image

Пребарувачкиот гигант не се откажува лесно од нивниот проект за паметни очила и покрај слабиот прием кај дивелоперите и корисниците и сега, во соработка со поранешни вработени во Amazon и CEO-то на Nest, го преименува проектот во Project Aura.

Да почнеме од почеток. Amazon прифати да „позајми“ неколку инженери на Google со цел да помогне. Ова се инженерите кои работеа на Fire Phone телефонот на Amazon, кој помина скоро незабележително на пазарот. Проектот секако останува под капата на Google и интересно, не е префрлен на мајката компанија, Alphabet.

Водител на проектот и натаму ќе биде Ајви Рос, но тој сега ќе одговара на главниот во Nest, компанијата за термостати, Тони Фадел, кој волонтерски прифати да работи на Project Aura. Ова не значи дека очилата на Google се поврзани на некој начин со Nest, да нема забуни.

Сето ова што го кажавме горе делува збунувачки, но многу добро ја доловува желбата на Google на каков и да било начин да ги остави Google Glass во игра, а особено по најавата на холограмските очила на Microsoft, HoloLens.

Наредбата за продолжување на Google Glass проектот е инаку директно од Ерик Шмит, CEO на Alphabet, што значи дека посветеноста и натаму ќе биде голема. А што значи ова за иднината на очилата, со сигурност ќе дознаеме наскоро.

Извор: Engadget, Android Central

Претходна статијаAmazon лансира шест нови уреди, меѓу кои и таблет од 50 долари!
Следна статијаBoeing патентираше беспилотно летало-подморница