detail_881_1415068814

Со многу поголемата достапност на технологијата, како резултат на нејзиниот развој, како и намалувањето на цените гледаме се поголемо нејзино интегрирање во разни производи. Оваа година видовме претставување на поголем број на паметни часовници во разни форми и намени, а нивната популарност само ќе се зголемува со годините што следат.

Повеќето нови часовници кои што ги претставуваат компаниите се полни со сензори, нудат разни функции, меѓу кои можеби и најважната поврзување со вашиот мобилен телефон и негова замена за доста од активностите.

Часовникот направен од јапонските компании FES Watch и TAK Project иако користи една модерна технологија и дефинитивно не се работи за обичен часовник, сепак претставува еден целосно различен концепт за разлика од другите часовници.

Се работи за часовник чии што екран, како и ремен се направени со e-ink технологијата за екрани. Да ве потсетам e-ink екраните се екрани кои што трошат многу малку енергија и истата им е потребна само при менување на содржината која што ја прикажуваат, овозможувајќи им константно да бидат вклучени.

detail_881_1415068161

Со користењето на овие екрани, не само на самиот часовник, туку и на ременот, добивате можност да го менувате целиот изглед на часовникот. Тој доаѓа со можност за избор од 24 различни дизајни за изгледот како на часовникот, така и на ременот со соодветен дизајн. Секогаш кога ќе ви здодее од часовникот што го имате, можете да направите да изгледа како да имате купено нов.

За дополнително штедење на енергија на и така штедливиот екран, часовникот ја менува својата содржина, односно го ажурира времето само кога ќе погледнете накај него, односно ќе ја придвижите раката накај вас. Со тоа се добива можност за работа на овој часовник од 2 месеци пред да треба повторно да го наполните.

Часовникот е изработен за потребите на компанија која што работи во областа на модата, па од таму доаѓа главната карактеристика на менување на изгледот. Што се однесува до другите функции, часовникот е обичен часовник, односно не вклучува од модерните паметни можности и слично.

Извор: Engadget

Претходна статијаMotorola го претстави Keylink, привезок за наоѓање на вашите клучеви или мобилен телефон
Следна статијаRoamer МK: Алтернативна апликација на веќе добро познатите Skype и Viber сега достапна и во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.