На годинешниот CES 2014 настан што се одржа овој месец во Las Vegas, Corning претстави нов тип од нивното „нескршливо“ Gorilla стакло, овој пат со антимикробски својства, односно со можноста да го намали бројот на бактерии кои што живеат на истото.
Веќе подолго време одредени спроведени истражувања покажуваат дека поради користењето на мобилните телефони насекаде, тие се полни со разни бактерии, а голем број од нив може да предизвикаат здравствени проблеми кај одредени луѓе. Тоа е мотивација за претставувањето на стакло кое што до некаде би ја намалило бројката на овие бактерии.
Антибактериското својство се постигнува преку вградување на јони од сребро во хемискиот состав на зајакнатото стакло. Среброто е познат антибактериски агенс кој што се има користено пред измислувањето на антибиотиците. Според Corning ова стакло може да оттргне до 99,9% од одредени типови на бактерии, односно го намалува развивањето на алги, бактерии и мувла.
Сепак екранот од мобилниот телефон не е единствената површина која што се допира при користењето и на која што се собираат разни бактерии, па дури и да се покаже ова ново стакло како ефикасно во нивното намалување, сепак останува другиот дел од телефоните. Ефикасноста, а и потребата на користење на вакви материјали во секојдневно користените уреди треба да биде покажано низ праксата, поради различните истражувања и заклучоци кога се работи за бактериите и изложеноста на луѓето на нив.
http://www.youtube.com/watch?v=egU8GLD7MG8