cdt-1

Cloud сервисите за складирање како Dropbox или Box.net нудат пристап до вашите фајловите кога и да имате потреба од нив, но тие се избор се додека сте согласни вашите фајлови да бидат зачувани на туѓи сервери. Доколку не сакате или не можете да се потпирате на друга компанија да ги чува вашите податоци, тогаш треба да го погледнете Transporter од Connected Data.

Станува збор за Kickstarter проект, започнат од поранешни вработени во Drobo. Наградуваниот Transporter ќе го смени начинот на складирање, пристап и заштита на вашите документи, слики и видеа преку дозвола сите ваши дигитални уреди да функционираат како еден уред. Transporter, чие што име потекнува од способноста за пренесување фајлови меѓу корисниците, обезбедува споделување на фајлови, синхронизирање, оддалечен пристап и чување на резервни копии. Уредот го обезбедува сето тоа што го нудат cloud сервисите без потребата за зачувување податоци во туѓ податочен центар и без дополнителни месечни трошоци.

Предностите кои овој уред ќе ви ги понуди се:

  • Неограничено споделување. Кај провајдерите на online и cloud складирање, колку што повеќе податоци зачувувате толку повеќе ќе платите, а повеќето од нив имаат и рестрикции во поглед на големината и типот на фајлови кои може да ги зачувате.
  • Постојана заштита. Целосна копија од споделените фајлови се чува на секој Transporter, а промените на било кој фајл автоматски се рефлектираат на другите Transporter уреди.
  • Неограничен пристап. Сите фајлови зачувани на Transporter ви се достапни било каде во светот од било кој компјутер или мобилен уред што има пристап до Интернет.
  • 100% приватност. Преносите меѓу уредите се секогаш енкриптирани со 256-битни AES клучеви.
  • Без дополнителни трошоци.
  • Едноставност. Користењето на Transporter е едноставно како праќање на покани до луѓето со кои сакате да споделувате податоци.

cdt-2

Connected Data нуди неколку конфигурации: Transporter со 2.5 инчен, 500GB, SATA 3Gb/s hard drive по цена од 199 американски долари, Transporter од 1TB по цена од 249$, Transporter од 2TB по цена од 349$ и Transporter Sync по цена од 99$ кој е варијација на истиот хардвер без дискот. Во Transporter Sync можете да приклучите ваш сопствен USB хард диск преку неговата USB 2.0 порта. Сите уреди имат gigabit Ethernet порти, но Transporter-от е побрз благодарение на неговиот SATA интерфејс.

Како функционира Transporter?

Сетирањето на Transporter-от значи да се вклучи во струја и да се поврзе на домашната мрежа, како и да се инсталира софтверот кој е достапен на Интернет. Софтверот креира два фолдери во вашиот компјутер, Transporter Folder и Transporter Library. Transporter Desktop 2.5 верзијата додава трет фолдер Transporter Special Folder.

Фајловите кои ќе ги сместите во Transporter Folder се зачувуваат локално на хард дискот и автоматски се копираат и синхронизираат со сите ваши компјутери (секој компјутер мора да има инсталирано Transporter софтвер) и со другите Transporter-и доколку ги имате каде и да се сместени. Овие фајлови автоматски се синхронизираат секогаш кога имате пристап до Интернет, а кога немате пристап се достапни локално.

Луѓето со кои сакате да ги споделите вашите фајлови не мораат да имаат ваков уред, но мора да имаат корисничка сметка на Transporter како и инсталиран соодветен софтвер. За да споделите фајлови со некого, треба едноставно да креирате заеднички фолдер и да ја додадете неговата email адреса.

Library фолдерот е наменет за зачувување на многу големи фајлови кон кои може да се пристапи само директно од Transporter-от. Значи овие фајлови не се зачувани на вашите компјутери/таблети/смартфони, но кон нив може да се пристапи како да се зачувани локално. Овие операции вклучуваат пренесување на фајлови преку Интернет во реално време, па затоа процесот е побавен.

cdt-3

Transporter Special фолдерот синхронизира фајлови кои се зачувани на десктопот на вашиот компјутер и во медиа фолдерите (Documents, Pictures…). Доколку ја активирате оваа функција на повеќе компјутери уредот ќе ги спои содржините на тие фолдери од сите машини.

Selective Sync ви дава флексибилност да ги селектирате само оние фолдери кои сакате да бидат синхронизирани со вашиот компјутер. На пример кога го инсталирате софтверот на таблет кој има мала меморија, можете да го конфигурирате така што ќе изберете да се преземат само некои фајлови, додека пак ако го инсталирате софтверот на десктоп компјутер со капацитет од неколку терабајти, можете да сетирате се да биде преземено на компјутерот.

cdt-4

Чувањето на нашите податоци во cloud е иднината, но сегашноста е малку покомплицирана: тоа може да биде скапо, потенцијално несигурно и препуштени сме на довербата кон компанијата која ги чува нашите податоци. Алтернативно Transporter е одлична инвестиција, а достапен е на http://www.filetransporter.com/products/transporter/.

Претходна статијаSkylens: уред кој на пилотите им овозможува подобра видливост
Следна статијаSamsung го претстави својот прв телефон што работи на Tizen OS