Паметните часовници полека стануваат популарни и истите најверојатно ќе почнат посериозно да се користат оваа и идната година. Вклучувањето на поголемите компании како Samsung и Sony со нивни модели потврдува дека ова е дел од пазарот што има потенцијал. Веќе одреден период се шпекулира, а и очекува претставување на паметен часовник од Apple, кој што се разбира го носи името iWatch, барем во шпекулациите што кружат.
Најновата информација до која што имаат дојдено од 9to5Mac покажува на можноста Apple навистина да работи на ваков часовник и можните негови функции и можности. Според информациите Apple го имаат вработено Roy J.E.M Raymann кој што до Јануари има работено во Philips Research. Од Philips ја потврдуваат информацијата дека Raymann не е веќе кај нив, меѓутоа на потврдуваат дали навистина се има префрлено во Apple.
Raymann е експерт во областа на истражувања за спиењето, амбулантски мониторинг, психофизиологија, мерење на перформанси, терморегулација, подобрување на спиењето и повеќе. Според ова може да се заклучи дека за кои производ и да треба да го пренесе своето знаење, тој ќе биде навистина со напредни функции и можности. Поточно се очекува паметниот часовник да го следи спиењето на корисникот и истото да го подобри. На кој начин треба ова да го направи останува да се види доколку овие информации се точни и ваков производ навистина биде претставен.
Извор и слика: 9to5Mac