Apple уште не покажува знаци дека ќе влезе на пазарот на преносни уреди со екрани кои се превиткуваат. Како главна причина за истото е се’ уште недоволно развиената технологија, а како што можеме да видиме од Android конкурентите, ваквите уреди уште не можат да овозможат доволно добро искуство за масовна продажба.

Сепак, сигурно може да се очекува дека од компанијата некогаш ќе претстават уред на преклоп, а посебно кога ќе сметаат дека технологијата е доволно напредната за да тоа што ќе го претстават биде подобро од конкуренцијата.

Според познатиот Рос Јанг, Apple ја разгледува можноста за претставување на лаптоп со екран кој се превиткува, но најверојатно повеќе логика има тоа да биде iPad таблет компјутер.

Apple останаа на ставот дека не планираат да претстават хибридни уреди, како тие кои работат на Windows, па macOS воопшто и не е оптимизиран за работа со екран на допир, а iPad овозможува доволно добри перформанси, посебно со М чиповите од компанијата.

Оваа гласина оди заедно со слична според која од компанијата размислуваат за претставување на поголем iPad од моментално достапните. Поголем екран може да има предност ако се превиткува, за полесно носење, но и искористување на едниот дел од екранот за пишување и слично.

За разлика од стандардните гласини кои обично се однесуваат за производи кои се очекуваат истата година, оваа е за неколку години од сега, па може да се земе само како правец во кој од Apple размислуваат дали да одат. До тогаш може ќе се појави нов тренд и некоја друга технологија, па претставувањето на еден ваков уред да не биде важно за компанијата.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаИТ настан: Софтверско тестирање и квалитет на софтвер
Следна статијаПоинформирани работници – помала можност за манипулација и злоупотреба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.