Фото: Shutterstock.com

Неколку години читаме за тоа дека Apple планираат да ја променат својата политика кон компјутери со екран на допир, за која Стив Џобс има позната изјава против. 

Можеби се работи за фактот што iPad Pro со тастатура станува се повеќе популарен уред, а корисниците одамна бараат повеќе десктоп функции кај iPad OS. Од компанијата заклучуваат дека корисниците сакаат компјутер кој им ја нуди можноста да го користат и преку допир, па верувањето на Џобс дека екраните на допир не се практични во вертикална форма и немаат смисла, веќе не може да биде политика на компанијата. 

Марк Гурман, кој неколку пати пишува на оваа тема, повторно објави информација дека Apple се подготвуваат за нивниот прв MacBook со екран на допир. Како и досега, очекувањата се насочени кон крајот на идната година или почетокот на 2027, а овој MacBook Pro ќе дојде со М6 чипот.

Првиот MacBook со екран на допир во исто време ќе биде и првиот MacBook со OLED екран, па очекувано Гурман најавува и зголемување на цената на овие лаптоп компјутери за неколку стотици долари. 

Секако, MacBook со екран на допир ќе продолжи да овозможува класично користење со тастатурата и „тракпадот“, а Apple ќе почека да ја види реакцијата на корисниците пред да реши дали оваа можност ќе ја донесе и кај MacBook Air. 

Екранот кој би се користел кај MacBook Pro треба да е со истата технологија кој се користи кај iPad Pro, како и кај iPhone, а Гурман најавува и намалување на рамките, како и потенок и полесен дизајн. 

Една од клучните промени кога е во прашање изгледот на MacBook Pro е најавата за тргање на исечокот од екранот кој го има сега, а истиот наводно ќе биде заменет со нешто слично на „динамичниот остров“ кој сега го има кај iPhone. 

На крајот, MacBook Pro можно е да ја добие одличната Face ID функција која ќе ја замени Touch ID која моментално сѐ уште се користи кај компјутерите од компанијата. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаАРНО и „Ништо ново“ со порака за Светскиот ден на поправки: Работите треба да траат
Следна статијаОтворениот ум на децата треба да биде инспирација за возрасните: Социјален експеримент на Телеком
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.