Фото: Apple

Главниот за маркетинг во Apple, познатиот Грег „Џоз“ Џозвиак, преку објава на X го најави претставувањето на нов уред од компанијата. Од краткото видео може да се види дека се работи за MacBook Pro, кој веќе се очекува да биде освежен во овој период од годината. 

Видеото очекувано не ни открива скоро никакви детали, па може само да се заклучи дека овој лаптоп ќе дојде со сѐ уште не претставениот М5 чип. Покрај тоа што овој чип веќе се очекува, во видеото MacBook уредот на кратко е поставен во позиција која изгледа како римската бројка 5 (V).

Според неофицијалните информации, не треба да се очекува којзнае што од новиот MacBook Pro. Сега треба да биде претставен само еден модел, односно 14 инчниот MacBook Pro кој во главно ќе биде ист, па новина ќе биде само М5 чипот. 

За идната година може да се очекуваат помоќните верзии со М5 Pro и M5 Max верзиите од чипот, а сега ќе биде претставена само основата верзија. 

Од достапноста на неофицијален тест на М5 чипот, наводно во iPad Pro, кој исто така треба да биде претставен наскоро, тој донесува околу 12% подобрување во споредба со М4, кога се мерат сите јадра, додека графичкиот процесор е тој кој ќе донесе поголемо подобрување, наводно 36%.

Уште една новина која е можно да дојде кај овој MacBook Pro е нова „Center Stage“ камера, која беше претставена со новата iPhone 17 серија на телефони и која донесува квадратен сензор.  

Претходна статијаYouTube започна со пуштање на нов дизајн на нивниот видео „плеер“
Следна статијаCopilot во Windows ќе почне да добива пристап до прилагодувањата на системот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.