Сите кои имаат претплата на Netflix или барем следат што се ново се претставува на оваа платформа, знаат дека компанијата веќе има прилично голема продукција на филмови, покрај серии.

Овие филмови се од разни жанрови, а голем дел од нив се на ниво да можат да конкурираат и за оскари и други награди.

Пример за добар филм којшто е нов на Netflix во овој момент, а дефинитивно препорачуваме да го гледате е „The Irishman“ во режија на Мартин Скорсезе и глумците Роберт Де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.

Работата со ваквата ситуација е што веќе Netflix не може само да ги објавува своите филмови преку нивниот стриминг сервис. Причината за тоа е што и режисерите имаат свои барања за тоа како еден филм треба да биде објавен, како тие се веќе научени, но тука се и оскарите за чие номинирање постојат одредени правила, меѓу кои и дека филм мора да бил во кино одреден период.

Поради тоа што од Netflix не можеле да се договорат со одредени големи кино сали во САД, за пуштањето на нивните филмови, тие решија да отидат во друг правец.

Покрај договарањето со помали кино сали во САД, тие отворија и свое кино. Поточно, тие го имаат изнајмено старото кино во Њујорк, Paris Theater, во кое ќе ги прикажуваат своите филмови.

Оваа кино сала ќе се користи и за настани од компанијата, како и тест прикажувања на одредена содржина и слично.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.