Apple

Иако имаше информации кои укажуваат на вакво нешто, сепак за повеќето дојде како изненадување одлуката на едно од главните лица на Apple, Џони Ајв, да ја напушти оваа компанија.

Со најавата за напуштање на Apple, дојде и најавата дека тој ја основа компанијата „LoveFrom“ која ќе работи до дизајн, а Apple ќе им биде и првиот и главен клиент. Тоа најверојатно ги смири дел од фановите на производите на компанијата кои сигурно се загрижија за иднината на iPhone и другите, со оглед на фактот што Ајв беше главниот зад нивниот дизајн.

Дека неговото напуштање на Apple е веќе официјално може да се види и од неговото тргање од листата на директорите на компанијата.

Според информации кои излегоа по официјалната најава дека ја напушта Apple, Ајв наводно не бил задоволен во компанијата веќе подолго време, а се случувало и да не присуствува на состаноците со неговиот тим.

Како и да е, Џони Ајв останува еден од најпознатите „дизајнери“ во светот и едно од главните лица на Apple работејќи блиску со Стив Џобс. Тој стои зад дизајнот на повеќето производи на Apple, како и на дизајнот на продажните салони на компанијата и најновата деловна зграда.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаNetflix повторно отвори старо и познато кино во Њујорк во кое ќе ги прикажува своите филмови
Следна статијаИзбрани десет тимови што ќе работат на дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.