Државните институции препорачуваат да не се патува без поголема потреба и да се остане дома. Сепак, патувањето е неопходно за извршување на значителен дел од секојдневните, како работни, така и приватни обврски. Доколку, сепак, мора да патувате, добро е да ги знаете следните работи.

Што помалку меѓусебни контакти, толку е помал и ризикот од ширење на коронавирусот. Затоа, доколку можете да изберете помеѓу јавен превоз и приватен автомобил, сега е подобро и побезбедно, неодложните патувања да ги направите со автомобил.

За поголема лична заштита најдобро е во автомобилот да имате средство за дезинфекција, влажни марамчиња и гелови за раце на база на алкохол, како и маска и ракавици што треба да ги ставите пред да излезете од кабината на возилото.

Пред да влезете во возилото направете дезинфекција на рацете. По завршување на патувањето препорачливо е да се изврши дезинфекција на кабината со акцент на воланот, менувачот и сите делови кои биле на дофат во текот на возењето. Со тоа, возилото ќе го оставите подготвено и чисто за следното патување.

Ако во текот на патувањето имате повеќе застанувања – бензинска станица, маркет, аптека или банка, никако не заборавајте да ги дезинфицирате рацете пред повторно да влезете во возилото.

Доследното почитување на мерките за заштита од коронавирусот ги забавува речиси сите, па затоа одвојте повеќе од вообичаено планираното време за завршување на потребните задачи. Подгответе се со трпение при чекање во подолги редици и имајте разбирање за поголемата претпазливост што ги забавува работниците додека ве услужуваат.

Не може да очекувате дека ќе избегнете секаков контакт со луѓето, па добро е да ги планирате своите патувања – било приватни или работни, така што ќе контактирате со што е можно повеќе исти луѓе. Тоа подразбира користење на ист маркет, бензинска станица, аптека или банка и притоа не заборавајте да држите растојание од најмалку 1,5 метри. Држењето дистанца ве штити не само вас, туку и ранливите лица и другите лица што може да ги загрозите.

МАКПЕТРОЛ ИНФО-ПОИНТ

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.