По неофицијалната најава изминатиот викенд, Microsoft вчера објави дека ја купува компанијата Nuance Communications. Вредноста на зделката изнесува 19,7 милијарди долари и ова е втората по големина од компанијата, која повеќе плати досега само за LinkedIn, односно 26,2 милијарди долари во 2016.

Microsoft веќе има изградено соработка со Nuance, па може да се каже дека ова ќе претставува продлабочување на започнатата соработка. Главниот извршен директор на Nuance ќе остане да ја води компанијата и ќе биде поставен под извршниот потпретседател на Microsoft за услуги во облакот и вештачка интелигенција.

Microsoft очекува дека зделката ќе биде завршена до крајот на оваа година, односно дека ќе бидат завршени сите потребни процедури кои следат со акционерите на компаниите, државните институции и слично.

Nuance Communications е компанија која развива вештачка интелигенција, сервиси во облакот, позната е доста по својата технологија за препознавање на говорот, виртуелни асистенти и слично. Оваа компанија најголемиот дел од својот бизнис го има во здравствениот сектор, а Microsoft токму и затоа се одлучува да ја купи истата.

Microsoft минатата година го претстави Microsoft Cloud for Healthcare, како дел од нивното ширење на сервисите со сервиси за специфични индустрии. Купувањето на Nuance ќе овозможи поголем влез на Microsoft во овој сектор.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаМожност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот
Следна статијаВрховниот суд во САД одлучи дека блокирањето на корисници од страна на Трамп на Twitter не е неуставно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.