Ова е 122 авион на Wizz Air, во возниот парк на „Ербас“.„Ербас“ A320neo, прв од ваков вид во возниот парк на WIZZ, ги вклучува најновите технологии во авијацијата и нуди значителни придобивки за животната средина во споредба со авионите од претходната генерација, со скоро 50 проценти намалување на стапката на бучава, 20% намалување на потрошувачката на гориво и скоро 50% намалување на емисијата на азот,. Со новиот авион опремени со ултра модерни и ефикасни GTF мотори Pratt & Whitney, WIZZ ја зајакнува својата позиција како една од најзелените авиокомпании во светот.

Помеѓу авиокомпаниите со нискобуџетни летови, Wizz Air управува со најмладата флота, со просечна возраст на авиони од 5,43 години. Современата и добро одржувана флота игра клучна улога во тоа што Wizz Air неодамна беше прогласен за еден од првите десет најбезбедни превозници со ниска цена за 2020 година од AirlineRatings.com.

Емисиите на јаглерод диоксид на Wizz Air беа најниски кај европските авиокомпании во FY2019 (57,2 гр / км / патник). Виз Ер има најмногу нарачки – 267 авиони од најсовремените „Ербас А320нео“, кои ќе и овозможат на авиокомпанијата дополнително да ја намали стапката на отпад за 30% за секој патник до 2030 година.

Јозеф Варади, главен извршен директор на Wizz Air изјави: Задоволни сме што додадовме уште еден ултра-модерен тип на авион во нашата постојано растечка флота. Овој нов авион е вистински показател за нашиот деловен модел ULCC, со значајно намалување на трошоците, како и натамошно намалување на штетните емисии. Нашата најнапредна флота, заедно со новиот „Ербас А320нео“, како и со нашите засилени заштитни мерки, ќе обезбеди најдобри можни санитарни услови за патниците.

Претходна статијаАкција во Битола: Носете маски
Следна статијаUS Air Force ќе тестира автономен авион во борба против авион со пилот