Фото од Pete Linforth преку Pixabay

Американските Воздушни Сили, односно US Air Force, како дел од нивната веќе напредна работа со вештачка интелигенција, развиваат воен авион којшто ќе биде управуван од страна на вештачката интелигенција, наместо од човек пилот.

Овој проект е дојден до ниво каде тие веќе се во фаза на вградување на системот со ВИ во веќе достапните воени авиони, по што се очекува да се почне со негово тестирање. За почеток се најавува дека би се користел некој од постарите и помалку напредни авиони, како F-16, по што истото ќе се направи на поновите како F-22 или F-35.

Многу детали околу проектот во овој момент нема, но се знае дека е доволно во напредна фаза да идната година во јули се планира тест преку воена вежба, каде ќе се соочат во воздухот искусен човек пилот, со авионот контролиран од вештачка интелигенција.

Развојот на оваа технологија може да направи голема разлика во идните воени „зафати“ на САД, кои се надеваме дека сепак ќе се намалуваат и нема да ги има. Технологијата кај војската најдобро е да остане како еден начин да се покаже моќта на земјата, без потреба од конфликти.

Како и да е, авиони без луѓе би направиле голема разлика и во одобрувањето на одредени ситуации од страна на американските гласачи, кои кога ќе нема пилоти кои се доведуваат во ризик, би биле многу повеќе отворени кон одлуките на армијата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Air Force Magazine
Претходна статијаWizz Air му посакува добредојде на новиот A320NEO
Следна статијаФилмови со пеперутки во стомакот на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.