windows_10_wallpaper-930x523

10-ката на Microsoft продолжува да расте на пазарот и во најновите истражувања, за само еден месец од своето лансирање, ги надмина Windows Vista и Windows 8, со преку 75 милиони инсталирани системи.

Целта на Microsoft е за две години во светот да има една милијарда уреди со Windows 10, во кои наскоро ќе бидат вклучени и Xbox One и телефоните со Windows 10 Mobile. Со оглед на тоа како расте досега оперативниот систем, таа бројка и не делува како недостижна, особено ако знаеме дека на саемот IFA во Берлин, кој почнува денес, веќе се претставени цела дузина нови таблети, лаптопи и таблет/лаптопи со Windows 10.

os_market_share_august_2015

Вкупно, на пазарот на десктоп компјутери, Windows 7 и натаму има најголем удел, со учество од 57,67%, додека втор е XP со 12,14% и трет Windows 8.1 со 11,39%. 10-ката веќе стигна до 5,21%, со што ги надмина Windows 8 и Windows Vista, што за еден месец и не е мало постигнување. Бидејќи зголемувањето е главно на сметка на Windows 8.1, овој систем падна 1,71% во минатиов месец, додека Windows 7 падна за 3,08%.

Ова само покажува дека трендот кај корисниците на надградување на системот продолжува и покрај тоа што брзо по претставувањето, 10-ката почна ја бие глас за слабата приватност (нови информации велат дека и 7 и 8.1 веќе не се толку „приватни“).

Растот на системот придонесе и за подобрување на пазарот за апликации и последниов месец влегоа многу големи имиња, или тие што беа веќе направија надградби на своите апликации, кои сега работат на телефон, таблет и компјутер.

Извор: Venture Beat, Windows Central

Претходна статијаСо новите надградби и Windows 7 и 8.1 ги шпионираат корисниците?
Следна статијаNextbit Robin е првиот телефон кој нема да можете да го наполните со податоци