Скопје, 5ти февруари 2019 г. – Денеска светот го одбележува „Меѓународниот ден за поголема безбедност на интернет за сите“.

Како општествено одговорна компанија, препознатлива по своите заложби за понуда на дополнителна вредност за сите свои корисници, партнери, вработени и општеството во целина, оваа година, во глобалните напори се приклучува и телекомуникациската компанија Вип со својата Вип едукативна програма „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно“ наменета за учениците од четврто одделение.

Имено, Вип едукативната програма „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно“ започна во учебната 2017/2018 година и опфати повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Програмата продолжува и оваа учебна година и ќе ги опфати учениците од 4-то одделение од 12 основни училишта од општините Битола, Штип, Кочани, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга, Прилеп, Неготино и Гевгелија, како и Куманово и Тетово, каде вработените од Вип веќе ги одржаа интерактивните предавања за повеќе од 150 четврто одделенци. Денеска, Вип се домаќини на учениците од 4-то одделение при СОС Детско Село Македонија, кои ќе имаат можност да ги проследат интерактивните предавања кои компанијата и вработените ги подготвија за нив.

„Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно активно и безбедно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата, но и наш активен придонес во обликувањето на подобро образование на децата и стекнување на вистинските вештини за безбедно влегување во дигиталниот свет во кој живееме денес. Нашата цел целосно соодветствува и со годинешниот слоган на меѓународниот ден за побезбеден интернет ‘Заедно за подобар интернет’,  чија цел пак е да ги повика на акција сите засегнати страни, секој во својот домен и можност, да ја одиграат својата улога во создавањето на подобар интернет за сите, особено на децата. Во оваа насока, Вип, како општествено одговорна компанија ја чувствува таа одговорност да придонесе во рамките на своите можности, бидејќи само заедно, и како наставници, и како родители и како претставници на институциите и компаниите можеме да ги направиме промените и да ги подготвиме нашите најмлади за светот на можностите кој им претстои“ – изјави Елена Димовска, раководител на одделот за корпоративни комуникации на Вип.

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Партнери на проектот се Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата. Освен од страна на граѓаните, родителите и учениците, Вип едукативната програма беше и јавно препознаена и наградена со признание од страна на координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија во категоријата „Однос кон заедницата”.

Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип – www.vip.mk

Претходна статијаFirefox ќе почне да ги блокира видео и аудио елементите од страните кои автоматски пуштаат звук
Следна статијаViber со нов и поедноставен кориснички интерфејс