Првиот човек на компанијата Uber, Дара Косровшахи во разговор за Bloomberg открива детали за нивните планови за иднина. Плановите главно се однесуваат на автономните возила, како и автономните начини за стапување во контакт со сервисот.

Косровшахи потенцираше дека транзицијата кон автономија е огромен проблем кој се испречува пред нивната компанија. Меѓутоа неговиот тим работи интензивно на изнаоѓање решение. Па така, првите автономни возила во служба на Uber се очекува да се најдат на патиштата за 18 месеци.

Нивните автономни возила се до сега тестирани во низа пилот-проекти. Последниот беше спроведен во март минатата година, во американската држава Аризона. Првиот човек на Uber се надева дека доколку се оди според планот, за почеток автономни возила ќе имаат удел од само 5% од целокупната „флота“.

Со текот на времето алгоритмите кои ги управуваат автономните возила ќе напредуваат. Паралелно на тоа, таквите возила ќе завземаат сѐ поголем удел. Со такво темпо, автономните возила за 10 до 15 години потполно ќе ги заменат луѓето на позицијата возач. Косровшахи дури на крајот на интервјуто се осврнува на концептот на возењето во иднина. Според него, децата родени денес, воопшто нема да имаат потреба да учат да возат.

Извори: TechCrunch, GeekWire

Претходна статијаLG патентира два дизајни на смартфон со екран што се превиткува
Следна статијаБоб Лац: Купете си Tesla автомобил додека сѐ уште постои