screen-shot-2016-05-19-at-9-07-55-am copy

Досега веќе неколку компании развиваат автономни автомобили, покрај самите производители на автомобили (на пример Tesla, Toyota, BMW, Mercedes-Benz, Ford и General Motors) и прва на која ни текнува е секако Google. Отсега, во трката се вклучува и Uber, кој има и најмногу смисла да развие ваков автомобил бидејќи истиот би бил многу употреблив како такси возило.

Автомобилот кој Uber ќе го користи како тест субјект е Ford Fusion Hybrid, кој кај нас се продава како Ford Mondeo. Автомобилот е секако опремен со цела плејада на сензори и камери за „читање“ на околината, поточно специјални радари, ласерски скенери и камери со висока резолуција.

Uber се’ уште е во самиот почеток на развојот на вакво возило и првите примероци ќе бидат наменети за развивање на технологијата со цел таа да биде безбедна за останатите учесници во сообраќајот. Затоа, во почеток во возилото ќе има возач, кој ќе треба да ги преземе работите доколку автомобилот не може да се снајде во некои ситуации.

Тестирањата инаку ќе се одвиваат во Питсбург, која е град со застарена патна инфраструктура и врнежливо и снежно време, што е прилично голем предизвик за сите автономни автомобили и што ќе им овозможи на инженерите на Uber да го усовршат системот дури и во најтешките услови. Досега скоро и да нема автономен систем кој може да се справи со сите овие услови, што ја прави технологијата неупотреблива на многу места во светот, како и нашата земја на пример.

Автономната технологија Uber инаку планира да ја искористи во својата растечка мрежа на „такси“ возила, кои корисникот би можел да ги повика директно од апликацијата.

Извор: The Verge, Mashable, TechCrunch

Претходна статијаПовеќе од 100 милиони податоци од LinkedIn сметки се на продажба од страна на хакер
Следна статијаНовите паметни часовници на Pebble се фокусирани на фитнес корисниците