Извори на Bloomberg истакнуваат дека Министерството за Правда на САД има отворено истрага за можни криминални обвиненија поради сомневање за измама. Ова е уште еден од низата на проблеми кои излегоа поради твитот на Елон Маск во кој тврдење дека планира да ја приватизира Tesla, а за тоа ги има обезбедено потребните финансии.
Како што ни е познато, тоа не само што не испадна така, Суверениот Саудиски фонд, којшто треба да биде тој којшто ќе ги обезбеди финансиите, реши да оди во друг правец, па инвестира 1 милијарда долари во конкурентот на Tesla, Lucid Motors.
Дека Маск може да има проблеми се виде уште кога група на акционери решија да поднесат тужба против него поради загуби на пазарот на капитал. Тие тврдеа дека информацијата која ја даде Маск, не била точна, предизвикала раст на вредноста на акцијата на Tesla, поради што тие претрпеле загуби.
Зошто Маск се има решено да го објави тој твит не е познато. Дали е можно да само така непромислено е објавен без размислување и консултации со правници или дали можеби сепак тој имал некаква непозната цел.