Саудискиот Суверен фонд влезе посериозно во бизнисот на електрични автомобили, меѓутоа не преку Tesla како што најавуваше Елон Маск, туку преку Lucid Motors, конкурентот на Tesla. Дека оваа инвестиција ќе се случи можевме да прочитаме минатиот месец, па еве истата сега е и официјално започната.

Lucid Motors е компанија основана во 2007 година од страна на Бернард Це, поранешен потпретседател во Tesla, како и член на одборот на компанијата, како и од Сем Венг, поранешен директор во Oracle.

Тие веќе одреден период не успеваат да ги соберат потребните финансии за продолжување на развојот на нивниот Lucid Air, негово тестирање, како и изградба на фабрика за масовно производство.

Средствата кои ги инвестира Саудискиот Фонд ќе овозможат да Lucid Motors ги продолжат своите планирани активности и до 2020 да го пуштат на пазарот автомобилот кој уште од неговата најава се смета за еден од поголемите конкуренти на Tesla, иако неговите сопственици не го гледаат така. Тие го гледаат повеќе како конкуренција на моменталните автомобили кои работат на бензин и дизел.

Саудискиот Суверен фонд требаше да инвестира наводно во Tesla, по најавите од Елон Маск дека планира да ја приватизира компанијата, меѓутоа не е познато што точно се има случено. Од фондот како и да е имаат купено 5% од акциите на Tesla, па своето влијание го имаат и во таа компанија.

Како што веќе беше истакнато, од фондот инвестираат во вакви бизниси поради намалување на нивната зависност од сурова нафта. Тие изгледа размислуваат долгорочно, па во време кога го гледаме почетокот на автомобилската револуција, тие сакаат на време да се приклучат на „возот“.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПрвиот воз кој работи на водородни ќелии пуштен во употреба во Германија
Следна статијаGalaxy S10 ќе дојде со „многу значајни“ промени во дизајнот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.