Кинескиот интернет гигант Tencent купи 5% од акциите на Tesla. Tencent е познат по кинеската апликација за пораки WeChat. За овие 5% акции кинезите платија 1,8 милијарди долари, со што станаа соптвеници на околу 8,2 милиони акции.

Инаку ова е втора поголема инвестиција на Tencent во американска компанија. Првото инвестирање беше во Snapchat или сега позната само како Snap. Од друга страна, ова не е ни прво инвестирање во автомобилска компанија. Претходно Tencent инвестираше 86 милиони долари во NextEV или сега попозната како Nio.

Елон Маск ја смета Кина за еден од најголемите пазари на Tesla, сега и во иднина. Порастот на продажбата на електрични возила во оваа држава е огромен во последните неколку години. Но сепак кинеските производители на електрични возила ја предводат трката во Кина, од кои најизразена компанија е BYDTesla најверојатно ќе треба да поработи на цената на нивните производи доколку сака да стане конкурентна на кинескиот пазар.

Tencent е исто така инвеститор во Didi Chuxing, која што е водечка компанија во транспортни сервиси, односно споделување на возила во Кина, со 400 милиони корисници во 400 градови во оваа држава. Оваа компанија скоро отвори лабораторија за истражување на вештачка интелегенција во Mountain View, Калифорнија. Оваа лабораторија сака да ја користи за развивање на интелегентни системи за возење, беспилотни и автономни технологии. Тоа може да значи и можна конкуренција на Tesla во иднина, во полето на автономните возила. Но од друга страна овие две компнии можеби и ќе соработуваат меѓусебе во иднина.

Извор: Recode

Претходна статијаFacebook Messenger прецизна гео-локација во вистинско време
Следна статијаПрва фотографија од смартфонот без рамка на креаторот на Android, Енди Рубин