Steve-Wozniak

Steve Wozniak, еден од основачите на Apple и човекот позади Apple 1 и 2, во интервју за порталот Wired, покрај другото изјави дека според него Apple треба да направат Android мобилен телефон. Интервјуто е дадено за време на настанот Apps World North America кој се одржува на 5 и 6-ти Февруари во San Francisco.

Според него нема ништо што би ги спречило Apple да престават Android телефон, кој што би бил нивни секундарен пазар, односно тоа не би значело запоставување на популарниот iOS. Овој предлог од страна на Wozniak не е ништо чудно со оглед на популарност на Android оперативниот систем и неговата позиција на пазарот. Поради отвореноста на кодот на Android тој би можел да биде променет од страна на Apple да не излегува многу од стандардите кои го имаат за нивните производи. Скоро и нема производител кој што не прави своја верзија на корисничкиот интерфејс на Android, што ги прави до некаде уникатни нивните производи. Amazon оди до таму што целосно го менува оперативниот систем, па изгледот воопшто нема допирни точки со другите верзии.

Покрај ова Wozniak исто така изјави дека Apple ќе претстават нови производи како, паметен часовник, тогаш кога ќе биде време, односно кога ќе сметаат дека пазарот и производот се спремни за нивно претставување.

Извор: Wired

Претходна статијаToshiba го претстави Canvio Home Backup & Share
Следна статијаSIM картичка што работи како локална во повеќе земји
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.