header4

Cell Buddy е компанија основа во Израел во 2011 година. Нивната област на истражување и инспирација е патувањето во различни земји и мобилната комуникација и трошоците што таа ја подразбира. Поточно тие развиваат посебен вид на SIM картичка која што треба да овозможи разговори по локални цени во било која земја, се разбира чии што оператори се дел од овој проект.

Моментално кога патувате во странство, вие сеуште можете да го користите вашиот мобилен телефон, да правите и примате повици, да праќате и примате пораки, да користите интернет. Меѓутоа сето тоа го правите како корисник на вашиот оператор во вашата земја, односно преку роаминг услугата, а цените за користењето на мобилниот телефон не се баш ниски, посебно за мобилниот интернет. Cell Buddy развиваат систем преку кој што користејќи нивна SIM картичка која што е поврзана на нивниот сервер, кога одите во друга земја картичката добива статус на локална SIM картичка, односно исто како да ја имате купено во таа земја. Тоа функционира на тој начин што Cell Buddy на својот сервер поставува локални SIM картички од повеќе земји и оператори, па кога вие ќе бидете во некоја од тие земји вашата SIM картичка добива идентитет како локална картичка користејќи ги локалните SIM картички во базата на Cell Buddy преку серверот. SIM картичката од Cell Buddy е наречена ID-SIM.

cell-buddy-server-technology-300x193

Овој систем функционира преку посебна апликација која што детектира во која земја се наоѓате и го извршува локализирањето на вашата картичка. За сето тоа на крај да функционира преку апликацијата избирате оператор и некоја од понудите на тарифни модели кои што за апликацијата ќе имаат времетраење ниско и до недела дена. Операторите и пакетите имаат можност да бидат оценети и да се оставаат коментари на нив, па кога ќе го вршите изборот ќе можете да видите колку е популарен некој од нив.

Сепак овој систем работи само на отклучените мобилни телефони, односно на мобилните телефони кои што не се кодирани на операторот од каде што е купен. Исто така системот сеуште е во развој, па треба да се види дали ќе биде прифатен од операторите и понуден на корисниците. Посебно се поставува прашањето на успешноста на овој систем поради намалувањето на роаминг цените, како и нивното тотално израмнување со локалните разговори во Европската Унија.

ID-SIM ќе може да се користи и за најавување на онлајн сервиси без потреба од користење на лозинка со тоа заштитувајќи ја вашата приватност кога користите мобилен интернет.

http://www.youtube.com/watch?v=-MZs0cANO0M

Претходна статијаSteve Wozniak смета дека Apple треба да направи Android телефон
Следна статијаSony се збогува со VAIO
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.