По прикажувањето на сега познатиот Liquid Glass предвреме од страна на Џон Просер, Apple во јули поднесе тужба против него со детално објаснување како е дојдено до новиот дизајн од компанијата. 

Поради фактот што Просер имал пристап до iPhone од сега веќе поранешен вработен во Apple, информациите кои ги објави неколку месеци претходно се покажаа целосно точни. 

Тој негираше дека „приказната“ од Apple е точна, па најави дека со нетрпение чека да објасни како работите навистина се имаат случено. 

После неколку месеци без објави, Просер се врати со видео рецензија за новиот iPhone Air за кого тврдеше дека го има добиено на тест, па се постави прашањето дали Apple се имаат откажано од тужбата.

Сепак, Apple не планираат да се откажат од тужбата, па при крајот на мината недела истата официјално продолжи, без никаков одговор од страна на Просер. Истата може да продолжи без него, односно без негово присуство и ќе се одлучува без да се брани. 

Шансите дека Apple нема да ја добијат оваа тужба се мали, а сега стануваат уште помали. Останува да видиме само што е тоа што ќе го бараат, нешто што ќе треба да го демотивира Просер, како и други, да ги откриваат „тајните“ на компанијата. 

Вториот обвинет во овој случај веќе има побарано одложување, кое и го доби, па тој сепак ќе биде дел од судењето. 

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаГејминг телевизорите на Samsung: Ново ниво на имерзија и перформанси за гејмерите ширум светот
Следна статијаФестивалот „Хаус оф Три“ го враќа шармот на Скопје на три градски локации
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.