Скопје, 22. февруари 2023 – Благодарение на техничката експертиза и водечките иновации во својот сектор, Samsung Electronics е признат за лидерство и извонредност на глобалниот пазар. Според компанијата за истражување на пазарот Omdia, Samsung повторно го зазеде првото место на глобалниот пазар на ТВ за 2022 година, 17-та година по ред. Ова достигнување се должи на посветеноста на компанијата за супериорно искуство за гледање и дизајн кој е насочен корисниците.

Со линијата на производи од висока класа како приоритет, Samsung успеа да одржи неприкосновено лидерство во ТВ секторот веќе 17 години, што најдобро го потврдува неговата Neo QLED линија. Samsung продаде неверојатни 9,65 милиони QLED и Neo QLED телевизори во 2022 година, со вкупна продажба од 35 милиони телевизори од неговото лансирање во 2017 година. Samsung, исто така, доминираше во секторот ултра големи телевизори во 2022 година, постигнувајќи пазарен удел од 36,1% за телевизори поголеми од 75 инчи и 42,9% за телевизори над 80 инчи. На пазарот на телевизиски уреди од високата класа, чија цена надминува 2.500 долари, Samsung го задржа најголемиот удел на пазарот со приход од 48,6%.

„Нашата водечка позиција во секторот во изминатите 17 години е резултат на лојалноста и довербата на корисниците во нашите производи“, рече Чиулгу Ким, извршен потпретседател за бизнис со визуелни дисплеи во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме по истиот пат да создаваме супериорно искуство со уредот што го надминува совршениот квалитет на сликата.

Лидерството на Samsung на пазарот на телевизори веќе 17 години по ред е одраз на посветеноста на компанијата да нуди најиновативни производи чиј дизајн го става корисникот на прво место, а истовремено постојано го подобрува корисничкото искуство. Воведувањето на Bordeaux телевизори во 2006 година го означи масовното прифаќање на LCD телевизори со модерен дизајн и мала тежина. Тоа беше прв пат Samsung да ја заземе водечката позиција на глобалниот пазар на ТВ уреди. Компанијата продолжи да ја доближува револуционерната технологија до корисниците со воведување на својот прв LED телевизор во 2009 година и Smart TV во 2011 година, задржувајќи ја својата позиција како лидер на пазарот за сето тоа време и подоцна.

Samsung продолжува да ги поместува границите на квалитетот на сликата и иновациите со воведување производи со најнови технологии. Во 2017 година, компанијата го измисли терминот „екран на следната генерација“ кога го претстави својот прв QLED телевизор, кој користеше технологија на квантни точки за да достигне 100 проценти опсег на бои за прв пат во индустријата. Samsung потоа го лансираше револуционерниот QLED 8K во 2018 година, проследен со Quantum Mini LED-поддржан Neo QLED и MICRO LED со сопствено осветлување во 2021 година. Оваа колекција на иновативни технологии го редефинира стандардот за квалитет на ТВ-слика и продолжува да поставува нови стандарди за индустријата.

Покрај тоа, Samsung е лидер во воведувањето на нови категории како што е серијата Lifestyle. Од познатиот дизајн на The Serif во 2016 година, Samsung продолжи да ја развива својата производна линија со дизајни насочени кон подобрување на корисничкото искуство, за што сведочат производите како што се The Frame, The Sero, The Terrace, The Premiere и The Freestyle.

Посветеноста на компанијата Samsung за иновации продолжува во 2023 година преку развојот на интуитивна технологија дизајнирана да ги задоволи потребите на корисниците. Платформата SmartThings ќе овозможи беспрекорна интеграција и поврзување на повеќе уреди, при што безбедноста останува главен приоритет, што ќе им олесни на корисниците да создадат навистина персонализирано искуство што одговара на нивните преференции и потреби.

Претходна статијаMicrosoft го зголеми ограничувањето на Bing кое беше поставено изминатите денови
Следна статијаНеофицијални слики ја прикажуваат новата верзија од Motorola Razr со посебна новина кај задниот екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.