Microsoft ги ограничи разговорите со новиот Bing на нешто повеќе од една недела по пуштањето на интеграцијата со јазичниот модел од OpenAI, GPT. Причината за тоа беше едноставна. Одреден број на корисници правеле долги „муабети“ со Bing, со цел да ги тестираат неговите можности, поради што има дојдено до забуна на јазичниот модел, како и ситуации кога одговорите не се баш културни, кратко кажано.

Ограничувањето беше поставено на 5 размени на разговор по сесија, како и вкупно 50 разговори во текот на денот.

Сега ова ограничување е нешто зголемено, па корисниците ќе можат да направат до 6 размени, односно 60 во текот на денот.

Треба да се нагласи дека Microsoft ги вклучува прашањата и одговорите како размена, што значи дека 6 размени би значеле три прашања и три одговори, по што ќе мора да се започне нова сесија.

Планот на компанијата е да наскоро ова ограничување го зголеми на 100 размени во текот на денот, а најверојатно враќање на неограничениот број на разговори е планиран за некогаш во иднина кога ваквите проблеми ќе бидат во најголем дел решени.

Имаме намера да ги вратиме подолгите разговори и работиме напорно додека зборуваме за најдобриот начин да го направиме ова одговорно. Првиот чекор што го преземаме е зголемување на редовите за разговор по сесија на 6 и ги проширивме на вкупно 60 разговори дневно. Нашите податоци покажуваат дека за огромното мнозинство од вас ова ќе овозможи природно секојдневно користење на Bing. Нашата намера е да одиме понатаму, а наскоро планираме да ја зголемиме дневната граница на вкупно 100 разговори. Дополнително, со оваа претстојна промена, вашите нормални пребарувања повеќе нема да се вбројуваат во вкупниот број на вашите разговори. Ќе ви обезбедиме повеќе ажурирања додека продолжуваме да правиме подобрувања во моделот. – истакнаа од Microsoft.

Од компанијата додаваат дека планираат да овозможат избор за тоа какви одговори би сакале да дава Bing, односно дали тие да бидат прецизни, балансирани или повеќе креативни.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаДали веќе го пронајдовте совршениот телефон за снимање интересни содржини? Пробајте го Galaxy A53
Следна статијаПризнание за Samsung за извонредност во иновациите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.