Фото: Shutterstock.com

Според информации од The Wall Street Journal, Perplexity дале понуда до Google за купување на нивниот Chrome интернет прелистувач. Сумата која е понудена е поголема од вредноста на компанијата и изнесува 34,5 милијарди долари, за кои наводно Perplexity има договорено соработка со други компании. 

Кога ќе се земе во предвид важноста на Chrome за бизнисот на Google, јасно е дека од компанијата не би ни размислувале за можна продажба да не беше судскиот процес покренат од Министерството за Правда на САД. 

Според информациите, во понудата која ја имаат доставено од страна на Perplexity, се планира продолжување на развојот и на Chromium кодот кој е отворен. На основа на овој код се направени повеќе прелистувачи, како што е Microsoft Edge, Brave, Opera и уште доста други. Интересно, Perplexity неодамна претставија интернет прелистувач направен на основа на Chromium наречен Comet.

Освен ако со судска одлука на Google не им биде наложено да мораат да го продадат Chrome, не постојат шанси од компанијата да го направат тоа, без разлика колку е висока понудата. 

Како што е познато и покрај сите бизниси, главниот извор на финансии на Google остануваат рекламите, а Chrome е доста важен дел во овој бизнис преку овозможувањето пристап до податоците на корисниците со цел пуштање на реклами кои се важни за нив. 

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаПоевтиниот MacBook со чип од iPhone може да се очекува до крајот на годината
Следна статијаТелеком ги повикува гејмерите да се пријават за T-esport Championship со награден фонд од 100.000 евра
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.