The Guardian започна со објавување на таканаречени „протечени“ документи кои вклучуваат комуникација и активности од Uber, познатата компанија која има за цел да го промени такси превозот со нов бизнис модел.

Документите се однесуваат на периодот од 2013 до 2017 година и вклучуваат повеќе од 83.000 имејл пораки, iMessage и WhatsApp пораки со доста искрена комуникација, како што истакнуваат од весникот.

На истражувањето и анализата на документите имаат учествувано повеќе од 180 новинари, преку 40 медиуми, вклучувајќи ги и Le Monde, Washington Post и BBC. Овие медиуми во периодот што следи ќе почнат со објава на серија на истражувачки извештаи.

Тоа што може да се очекува при објавата на документите, кои ги има повеќе од 124.000, се докази за обиди за лобирање на политичари, бизнисмени, олигарси и слично, тактики кои компанијата ги има користено за да може да влезе на некој пазар, уништување на докази при полициски проверки и повеќе.

Посебно се истакнуваат тврдењата дека од компанијата ги искористувале насилните протести во одредени земји од страна на такси здруженијата, а тогашниот директор наводно барал да се испратат возачите на Uber во деловите со протести.

Според документите, тогашниот директор на компанијата, кој е и нејзин ко-основач, кажувал дека „вреди“ да се испратат возачите каде што има протести и дека „насилството гарантира успех“.

Додатно, од документите се споменуваат познати имиња во светот на политиката, како што се Џо Бајден, Олав Шолц кој сега е канцелар на Германија, претседателот на Франција Емануел Макрон и доста други познати имиња.

Кај некои од овие лобирањето било успешно, додека кај некои не било, но како и да е од компанијата не штеделе средства и начини како да дојдат до што повеќе промени на законите за да може да функционираат според нивниот бизнис модел.

Како што најавија од The Guardian, во периодот што следи може да очекуваме детални статии кои ќе прикажат конкретни делови од документите.

ИЗВОРThe Guardian
Претходна статијаКралот (The King) – прва италијанска затворска крими серија на Pickbox NOW
Следна статијаNASA ја објави првата слика направена од James Webb вселенскиот телескоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.