Motorola продолжува со добрите пазарни перформанси и во вториот квартал на фискалната 2018/2019 година. Преку голем број на стратешки деловни потези, вклучувајќи намалување на трошоците, оптимизирање на портфолиото на производи и фокусирање на водечките профитабилни пазари, периодот беше исклучително успешен за Motorola.

Резултат на тоа е постигнувањето на клучна бизнис цел – намалување на оперативните трошоци за 175 милиони долари во споредба со истиот квартал претходната година и остварување на профит.

Работевме постојано и внимателно, па затоа не е изненадување што успеавме да постигнеме огромна стратешка цел – да оствариме профит само три години по огромните инвестиции кои беа направени по преземањето. Оттука очекуваме природен раст. Верувам, дека допрва ќе се зборува за Motorola” – изјави Владислав Иванов, генерален менаџер на Motorola за Југоисточна Европа.

На одредени пазари Motorola забележува импресивен раст. Во Северна Америка, испораките пораснаа за 53,4% во споредба со истиот квартал претходната година, додека раст има и кај маржата.

Motorola ја држи втората позиција на пазарот во Латинска Америка.

Бизнисот во Кина регистрира значителен раст на приходите, обемот и профитабилноста – соодветно 84,6%, 279,4% и 25,2%.

Претходна статијаНоември на Пикбокс – Не сакате да го пропуштите
Следна статијаНов извештај од ОН покажува заздравување на озонската обвивка