„Квантико“ (Quantico) Изненадувачки трилер кој ја разбранува американската јавност
Датум на пристигање:  5. 11.

Американската криминалистичка серија „Квантико“ ја заинтересира јавноста со тематиката што се поврзува за 11 септември, кога Алекс Париш (Пријанка Чопра) сфаќа дека некој ја наместил и е осомничена за терористички напад.
Имено, една разновидна група од регрути пристигнува во базата на ФБИ „Квантико“ на обука. Тие се најдобрите, најпаметни и добро проверени, па изгледа едноставно невозможно некој од нив да биде осомничен за најголемиот напад од 11 септември во Њујорк.

Улогата во серијата „Квантико“, која ја толкува поранешната мис на светот Пријанка Чопра, претставува нејзино американско телевизиско деби, па во 2016 година ја доби наградата за најдобра актерка во нова ТВ-серија. Улогата на Пријанка, особено со напредувањето на епизодите, кревала сѐ повеќе прашина во американската јавност. Интересно е што на реализацијата на серијата работеле и советници од ФБИ, а во другите улоги на оваа таинствена криминалистичка драма се појавуваат Џејк Меклохлин, Јасмин ел Масри, Џоана Брејди и Аунџени Елис.

Серијата за Еј-би-си ја создаде Џошуа Сафран, а од 5.11. на Пикбокс се достапни две сезони од овој освежителен трилер.

„Вистина“ (La Verdad) Таинствено враќање на исчезнато девојче
Датум на пристигање: 9. 11.

Шпанската трилер-серија „Вистина“ (La Verdad) ја раскажува приказната за девојчето Паула Гарсија (Елана Ривера) кое исчезнало под особено чудни околности, а кое по осум години повторно се појавува во животите на своето семејство и на блиските, но сега како прекрасна 17-годишна девојка.

Маркос Егвија (го толкува Џон Кортјарена, шпански модел и актер) е млад полицаец кому му го доделуваат случајот за истражување на таинственото враќање на девојката за која сите мислеле дека е мртва. Нејзиното враќање нема да биде едноставно, туку обвиткано со сомнежи и со неочекувани ситуации. Лало Руиз (Хосе Луис Гарсија Перез) е новинарот кој го следел целиот случај пред осум години и кој се сомнева дека семејството е вмешано во нејзиното исчезнување. Тој исто така верува дека Паула не е таа за која се претставува. Поради тоа што нејзината приказна е конфузна и контрадикторна и никој всушност не е сигурен дали е навистина е личноста за која самата тврди дека е. Кога еден млад полицаец кој работи на случајот почнува да има чувства кон Паула, доаѓа до компликации во истрагата. Од 9.11. е достапна на www.pickbox.tv.

„Животот во ЛА“ (LA Complex) – Модернизирана верзија на „Мелроуз плејс“
Датум на пристигање: 5. 11.

Шестмина млади и амбициозни уметници, кои се обидуваат да се пробијат помеѓу холивудската елита, се вселуваат во евтиниот мотел „Делукс Сјутс“, познат по името „Лукс“ во Лос Анџелес. На патот кон ѕвездите во светот на филмот, музиката, танцот и продукцијата ги чекаат нови пријателства и врски, но и многу проблеми, искушенија и судбински одлуки. За да успеат, ќе мораат да пораснат и да се соочат со реалноста во индустријата на шоу-бизнисот и со моментите кои ќе ги дефинираат нивните животи. Серијата многумина ја споредуваат со популарната серија „Мелроуз плејс“, а двете сезони можете да ги гледате на Пикбокс од 5. 11.

„Гратче на морскиот брег“ (Cedar Cove) Кога ќе се измешаат приватните и деловните односи
Датум на пристигање: 19. 11.

Во едно идилично гратче на американскиот северозапад работи и живее убавата судијка Оливија Локхарт (Енди Мекдауел), во чија судница пристигаат случаи од кривичното и граѓанското право. Какви сѐ искушенија ги чекаат Оливија, нејзиното семејство и пријателите, можете да гледате на Пикбокс од 19.11. во сите три сезони од оваа живописна серија.

„Убиство на колеџ“ (In The Vault) – Тинејџерска криминалистичка драма
Датум на пристигање: 30. 11.

Во кампусот на колеџот „Будлон“ има уште еден месец од почетокот на новата академска година. Жителите на студентскиот дом се сомневаат еден во друг откако на забава е убиен еден студент. Секој од студентите има свои тајни што може да послужат како мотив… Првата сезона на оваа криминалистичка (тинејџерска) драма погледнете ја на www.pickbox.tv.

Ексклузивна најава
Ни доаѓаат „Викинзи“… Нурнете се во темнината
Од 29. 11. премиерни продолженија на петтата сезона

Претходна статијаКако ќе изгледа Македонија во 2030 година?
Следна статијаMotorola оствари профит во вториот квартал од фискалната година