Microsoft најави дека планира да отпушти дополнителни 9.000 вработени низ целиот свет, низ повеќе сектори и нивоа во компанијата. Од компанијата веќе отпуштија повеќе од 6.000 вработени во јануари оваа година.
Според информациите, повеќе сектори и нивоа ќе бидат погодени од овие отпуштања, а посебно внимание привлекува фактот што Microsoft има зголемени приходи и добивка, поради што има и критики за ваквата одлука.
Еден од секторите кој се очекува дека ќе биде погоден со последните отпуштања е и делот за игри, каде што е и Xbox. Дека вакво нешто ќе се случи говореше една од основачите на Microsoft Games Studio, која се прашува дали од компанијата воопшто планираат да продолжат со сериозен развој на Xbox играчката конзола.
Отпуштањето на голем дел од вработените може да се каже дека стана стандардна и очекувана практика на компанијата изминатите неколку години, а истата се поврзува со кризата која започна уште со „ковид-19“, па се до влијанието на вештачката интелигенција.