image_thumb47

Се работи за проект на кој што од компанијата работат повеќе години, односно од 2008, но сега добиваат и официјален патент за софтверското решение. Ова не е нешто што не е досега видено на другите платформи, конкретно на Android во форма на launcher-и, па останува да се види доколку некогаш биде официјално достапно, дали ќе понуди нешто повеќе.

Софтверското решение во патентот е наречено „Personal cloud of mobile tasks“, односно Личен облак на мобилни активности. Конкретно ова решение треба да биде во форма на апликација или дел од оперативниот систем, кое ќе овозможи на брз и централизиран начин да пристапите до активностите кои што најчесто ги правите на вашиот уред. Поточно, се мисли на контактите кои што секојдневно ги контактирате, апликациите кои што најчесто ги користите и слично. Овие активности кои што често ги правите имаат соодветна икона во оперативниот систем, која што во случајот ќе биде прикажана на посебен интерфејс со цел брзо да можете да пристапите до истата. Зависно од фреквенцијата на користење на одредената активност, иконата на истата може да биде прикажана поголема или помала. Исто така, прикажаните икони ќе бидат прикажувани и според периодот од денот, датата и слични други фактори.

Во објаснувањето на патентот од Microsoft објаснуваат дека корисниците неколку активности многу често ги повторуваат во нивното користење на уредите, меѓутоа за нивното извршување тие обично треба да притиснат неколку пати. Нивниот систем би ги учел навиките на корисниците, па доколку дојде до некоја промена, на пример почесто контактирање со нов контакт, тој автоматски ќе биде прикажан на интерфејсот од овој систем.

Во патентот стои отворена можноста за тоа како би бил имплементиран системот, односно дали како посебна апликација или како дел од оперативниот систем и некој негов дел.

Извор: WMPoweruser

Претходна статијаGoogle спрема целосен редизајн на Play продавницата за апликации
Следна статијаRussia One, нов модерен трамвај кој што ќе се користи во градовите на земјата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.