nexusae0_wm_11

Минатиот месец на Google I/O конференцијата од компанијата ја претставија наредната верзија од својот мобилен оперативен систем Android, која што е наречена Android L. Една од најголемите промени која што ќе ја добие системот со новата верзија е дизајнот на корисничкиот интерфејс за кого што од Google имаат дадено посебно име, Material Design. Корисничкиот интерфејс ќе биде направен во сега секаде прифатениот тренд на поедноставување, користење на рамни површини без нијанси и со истакнати бои и минимализам.

Заедно со менување на дизајнот на корисничкиот интерфејс очекувано е дека и апликациите ќе почнат да бидат правени во тој стил, поради што од Google го издадоа правилникот според кој што програмерите ќе можат да ги прават своите апликации. Се разбира апликациите од компанијата ќе бидат исто така редизајнирани, со Google+ апликацијата која што е првата што го покажува новиот тренд уште пред да биде претставена новата верзија од оперативниот систем.

Порталот Android Police има дојдено до слики (screenshots) на кои што е прикажана новата верзија од Play продавницата за апликации. Од таму нагласуваат дека сликите се неофицијални и дека до официјалното излегување на новата верзија од оперативниот систем, како и новата верзија од продавницата, нема точно да се знае кои од работите на сликите навистина ќе биде воведени. Како и да е, од сликите може да се види Material Design стилот применет целосно во продавницата. Корисничкиот интерфејс, како и до сега, ќе биде прилагоден за мобилните телефони и за таблет компјутерите.

play-store-comparison

Во продавницата ќе се користат познатите карти кои што повеќе се користат во новиот дизајн. На нив ќе бидат прикажани потребните информации, а исто така поголеми слики ќе бидат користени за прикажување на содржината која што се разгледува, зад картите. Може да се каже дека продавницата ќе почне да наликува до некаде на стилот кој што се користи во профилите на социјалните мрежи, што е добар начин на прикажување на работите според нас. Повеќе бели делови ќе ги заменат моментално сивите, а ќе има освежување и на фонтовите кои што е користат и нивната големина.

Извор: Android Police

Претходна статијаDropbox ќе ја подобри брзината на синхронизација на големите фајловите
Следна статијаMicrosoft патентира таканаречен личен облак на мобилни активности
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.