Најголемата електронска книжарница во Македонија, КупиКнига.мк, го прославува својот осми роденден. По тој повод, овој викенд, КупиКнига.мк нуди 12.000 наслови на попуст до 50%. Попустите ќе започнат од 10.03.2020, петок, и ќе траат за време на целиот викенд!

Овој роденден, КупиКнига.мк ви ги нуди речиси сите изданија на попуст до 50%. Секој љубител на пишаниот збор ќе може да си го нарача својот омилен наслов на специјална понуда и да ужива во удобноста на својот дом искористувајќи го на најпродуктивен начин овој период во кој што сите заедно мораме да останеме силни и истрајни во борбата со светската пандемија.

Нашата најголема мотивација се задоволните читатели насекаде во светот. Нашата мисија овие осум изминати години е остварена. Сите наслови од речиси сите издавачи во регионот ги ставивме на едно место за читателите, со само неколку клика да можат да си го нарачаат секој еден наслов на кој што може да помислат!“ – изјави Даниела Крчишка, маркетинг асистент на КупиКнига.мк.

Во областа на електронската продажба на книги, КупиКнига.мк е водич во регионот. Уште од самите почетоци тие направија вистинска револуција во електронската продажба на книги, но воопшто и во е-трговијата во Македонија.

Претходна статијаФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2
Следна статијаТоп пет епизоди на Breaking Bad