Фото: Shutterstock.com

Во јули оваа година, Марк Гурман веќе пишуваше за тоа дека еден од главните кандидати за наследник на Тим Кук е Џон Тернус. Сега во неговиот најнов неделен билтен тој продолжува да пишува на оваа тема и истакнува дека и во компанијата вниманието повеќе се насочува кон Тернус. 

Заклучокот на Гурман е дека Џон Тернус е и единствениот кој би можел да го наследи Кук, во главно и поради тоа што дел од моменталните директори се блиску до пензија или си имаат заминато од компанијата. 

Сепак, Тернус е добар избор, затоа и вниманието е насочено кон него, а една од главните предности му се позадината во технологија, наместо во финансии или логистика. Се верува дека на Apple им е потребен ваков директор за да ја насочи работата во правец на иновација, нешто за кое се критикувани веќе со години. 

Фото: Apple

Џон Тернус исто така е во погодена возраст, тој има 50 години и би можел да биде директор повеќе од 10 години, додека за Тим Кук се најавува дека најверојатно би останал во компанијата на позицијата претседател на одборот на директори. 

На крајот, како уште една предност која му се препишува на Тернус е неговата харизма, нешто по кое се познати директорите од Apple и може да се каже дека е една од нивните главни предности во споредба со конкурентите. 

Џон Тернус можевме да го видиме изминатите неколку години како ги презентира едни од главните производи од компанијата, а оваа година тој беше задолжен за презентација на iPhone Air. 

Можеби овој модел најмалку ќе се продава, но е првиот после повеќе години кој е доста поразличен, а и се смета дека ќе биде основата за развојот на телефоните во иднина, вклучувајќи го и iPhone Fold.  

Инаку, Тернус влегува во Apple во 2001 година во секторот за дизајн на производите, по што ја добива позицијата потпретседател на инженерство на хардверот во 2013 година.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаОбјавена Агендата на 8-мата регионална конференција за е-трговија
Следна статијаЕлон Маск најави претставување на конкуренција на Wikipedia
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.