viber-rakuten

Rakuten е Јапонска компанија која што работи во областа на интернет сервисите. Во нејзина сопственост е во 2012 купениот Kobo сервис за е-книги, можеби најпознатиот бизнис дел од оваа компанија и конкуренција на Kindle од Amazon. Rakuten исто така работат со онлајн маркетинг, банкарство, туризам и повеќе.

Viber на сите ви е познат и повеќето од вас редовно го користат. Ова е компанија основа на Кипар, а користена од корисници низ целиот свет, со што сервисот брои повеќе од 300 милиони активни корисници. Преку Viber, Rakuten ќе го прошират својот бизнис во повеќе нови пазари каде што моментално не се присутни преку нивните постоечки сервис. Со тоа покажува дека има цел да стане една од најголемите компании за интернет сервиси.

desktop_mainV2

Viber секако ќе им го овозможи тоа преку нивните апликации достапни покрај на сите мобилни платформи, од минатата година и на десктоп платформите, односно со достапни апликации на Windows, OS X и Linux. Минатата година исто така беше претставен Viber Out сервисот преку кој корисниците можат да прават повици на обични телефонски линии, со што стана директна конкуренција на Skype.

Viber сеуште не работи со профит, меѓутоа од Rakuten сметаат дека компанијата покажува големи стапки на раст и доколку не ја имаат купено сега, прашање е дали би можеле истото да го направат во иднина.

Извор: Business Wire

 

Претходна статијаWindows апликации на Chromebook преку соработка на Google и Vmware
Следна статијаХакнат Kickstarter, украдени повеќе податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.